МНР реагира на текст во кој се тврди дека Димитров заминува од функцијата

Архивска фотографија -зградата на Министерство за надворешни работи

Министерството за надворешни работи попладнево информира дека до Советот за етика во медиумите поднеле жалби за новинарски текст објавен на неколку портали со наслов „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името“ во кој се наведува дека министерот ќе заминел од позицијата.

“Посочените текстови се служат со неточно и нефер известување, пристрасност во информирањето, незастапена втора страна, навреда и клевета”, наведуваат од Министерството за надворешни работи.