Франција, Германија и Британија со предупредување до Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Франција, Германија и Британија го повикаа Иран да го почитува нуклеарниот договор од 2015 година. Француските власти предупредија дека ќе бидат преземени мерки кои може да доведат до санкции доколку Иран не се држи до договореното.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека земјите ја одиграле својата улога и сега очекуваат целосна имплементација и од Иран. Британските власти соопштија дека Иран ќе се соочи со последици ако се повлече од договорот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека САД се виновни за кризата. Иранскиот претседател Хасан Рохани порача дека земјата ќе продолжи со збогатувањето ураниум доколку светските сили не ги заштитат нејзините интереси наспроти американските санкции.