Јанева очекува решение за СЈО и уште еден мандат

Шефицата на СЈО, Катица Јанева

Шефицата на СЈО, Катица Јанева изјави дека верува во процесот на преговорите за Законот за јавно обвинителство или прифаќањето на амандманите од страна на опозицијата, затоа што се работи за врвни професионалци од двете страни, со исклучок на некои личности поврзани со нивните предмети кои веќе не се во преговорите.

Таа по последните преговори за новиот закон порача дека во суштина надминати се разликите за тоа што ќе работи СЈО. Во однос на предметите на кои ќе работи СЈО, Јанева најави дека треба да се почека конечното решение со новиот закон за јавно обвинителство. Воедно таа изрази надеж дека целиот нејзин тим ќе продолжи да работи уште еден мандат.