Асиа Биби, христијанка која беше осудена за богохулење во Пакистан ја напуштила земјата и сега се наоѓа во Канада каде се и нејзините две ќерки, соопштија властите. Пресудата за Биби беше поништена од Врховниот суд минатата година што предизвика насилни протести во Пакистан.
Исламски екстремисти се заканија дека ќе ја убијат 48 годишната Биби и повикаа на соборување на владата по нејзиното ослободување. Градоначалникот на Пунџаб, Саламан Тасир и минстерот за малцинства Шахбаз Хати кои бараа правда за Биби беа убиени.