Заложничка драма во Тулуз, Франција

Илустрација - Полиција во Тулуз

Француската полиција соопшти дека едно вооружено лице држи четворица заложници во една продавница за цигари во предградие на Тулуз. Портпаролка на полиција истакна дека се уште е рано да се исклучи можноста за тероризам, бидејќи уште не се познати барањата на киднаперот.

Локалните власти наведуваат дека засега не е познат идентитетот на вооруженото лице. На местото на инцидентот се испратени единици на француската специјална полиција. Зоната околу продавницата која се наоѓа во местото Блањак е во близина на аеродромот во Тулуз. Телевизијата Франс 3 објави дека киднаперот побарал да разговара со преговарач.