Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека од изборите произлегуваат две големи пораки, дека земјата три пати по ред покажа дека се можни демократски избори во мирна, отворена и цивилизирана атмосфера, но и дека мнозинството граѓани сака да оди напред и земјата да се интегрира во НАТО и ЕУ.
За европската перспектива, министерката за одбрана во интервјуто вели дека очекувањата од Самитот во јуни се големи, не поради тоа што постои оптимизам или надеж, туку поради патот што го следи земјата и додава дека „Северна Македонија е единствениот позитивен пример во овој момент во регионот“ во однос на добрососедските односи, решавањето на долгогодишните проблеми, но и сработеното во внатрешноста.