Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека може да му се верува на американскиот претседател Доналд Трамп за трговските односи меѓу ЕУ и САД. Тој порача дека ништо не се променило во трансатлантските трговски односи откако тој се сретнал со Трамп во Вашингтон, минатиот јули.
Јункер додаде и дека најголем дел од глобалните економски проблеми се поврзани со тензиите меѓу САД и Кина.Според него, доколку проблемот меѓу двете земји не биде решен наскоро тогаш апетитот за инвестиции низ светот ќе слабее.