Владата на Меј се уште без договор со опозицијата за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј се уште не постигнала договор за Брегзит со Лабуристичката партија, а разговорите продолжуваат денеска, соопшти нејзиниот портпарол. Запрашан за можност од привремена царинска унија со ЕУ, портпаролот одбил да коментира детали од разговорите.

Меј се надева на договор со Лабуристичката партија со цел да добие поддршка за нејзиниот план за Брегзит во Парламентот. Меј претходно го повика лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, да ги обединат силите и да постигнат договор.