Помпео ја откажа посетата на Германија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја откажа посетата на Германија на само неколку часа од закажаното пристигнување во земјата. Портпаролката на Стејт Департменот Морган Ортагус изјави дека посетата е откажана поради неодложни прашања.

Во меѓувреме портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова соопшти дека Русија се подготвува за средба на Помпео со шефот на рускта дипломатија Сергеј Лавров во Сочи на 14 мај. Ортагус најави и дека посетата на Германија ќе биде презакажана.