Во напад на талибанците во Пакистан загинаа 4 војници

Пакистански војници на местото на напад на талибанците во Куета во мај, минатата година.

Пакистанските власти соопштија дека милитантите нападнале два конвои во северозападниот дел на земјата при што загинале четири војници, а 10 биле повредени.

Милитантна група Техрик-е ја презема одговорноста за нападот и најави дека ќе продолжи да ги таргетира безбедносните сили. Нападите доаѓаат по неколку денови откако во прекуграничен напад во северен Вазиристан во кој загинаа три војници.