Турскиот Врховен изборен совет реши да ги поништи резултатите од неодамнешните локални избори во Истанбул кои и задодоа тежок удар на владејачката партија на претседателот Ердоган.
Само беше прашање на денот кога Советот ќе го објави официјалното соопштение во кое се наведува и тоа дека повторното гласање за градоначалникот на Истанбул ќе се одржи на 23 јуни.
Главната опозиција во Турција го осуди ваквиот потег, оценувајќи дека тоа е обид на Ердоган да ја изигра волјата на народот и оти неговата влада е „обична диктатура“.
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу на собирот во Истанбул по најновата одлука изјави:
„Ги повикувам оние што ја донесоа оваа предавничка одлука во Врховниот изборен совет. Верувајте ми, ќе ги чувам дури и животите на нивните деца и внуци преку пораките што ги доставувам овде“.
Оваа одлука предизвика жестоки реакиции меѓу граѓаните на Истанбул:
„Мислам дека тоа е сосема пристрасна одлука. Живееме во демократска земја.Таа одлука е скандалозна, не требаше да се донесе“.
„Ако нема закон, ние ќе се поделиме. Тие ќе предизвикаат граѓанска војна. Ова не е излез“.
Некои опозициониери наведуваат и тоа дека членовите на Врховниот изборен совет биле под притисок на владејачката партија.
Таа претходно поднесе жалба за повторно прегласување на изборите во кои првичните резултати и серијата пребројувања покажаа дека за прв пат по 25 години ја загубила контролата врз Истанбул.
Загубата беше особено болна за Ердоган кој во 90 години од минатиот век беше градоначалник на Истанбул.
За некои аналитичари и прегласувањето би можело да биде ризично за Ердоган, особено ако се има предвид фактот дека земјата минува низ економска рецесија ито дека постојано паѓа вредноста на лирата.
Таа падна за 10 насто во последниве неколку месеци, а дополнително ослабна и по вестите за повторното прегласување на изборите во Истанбул.