Најмалку 13 лица загинаа денеска, а шестмина се повредени при принудно слетување на патнички авион на руската компанија „Аерофлот“, кој се запалил на московскиот аеродром Шереметјево, објавија руските медиуми.
„Според најновите информации, 13 лица загинаа, а шестмина се повредени. Еден број од патниците се водат како исчезнати“, истакна неименуван извор кого го цитираат руските медиуми, а пренесоа светските новнски агенции.
Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.
„Авионот се врати на аеродромот од технички причини. Огнот е изгаснат. Медицинска помош им е укажана на сите што било потребно“, се наведува во соопштението.
Веднаш е формирана комисија за истрага на причините за авионската несреќа. Можно е пожарот на го предизвикал гром, кој удрил во моторот на авионот. Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути. Медиумите наведуваат дека задниот дел на авионот целосно изгорел, а спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани.