ДИК: Од досега преброените гласови, Пендаровски во водство

ДИК првични резултати

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата - Стево Пендаровски.

Тој од до сега обработените гласови, има 65,79 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 31,07 отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.