Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев на прес по вториот круг од претседателските избори

Ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, изјави генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на еден час по затворањето на гласачките места од вториот круг од претседателските избори.

„И во првиот дел од кампањата имаше одредени девијантни појави на власта меѓутоа тие ескалираа во вториот изборен круг“, изјави Јанушев.

Тој наскоро најави и поконкретни резултати од денешното гласање.