30.596 граѓани до 17 часот гласале во шесте тетовски општини

Гласачко место во Тетово во вториот круг од претседателските избори 2019

До 17 часот општинските изборни комиси во шесте локални самоуправи регистрирале 30.596 граѓани кои дошле до избирачките места за да гласаат во вториот круг на претседателските избори.

Во Желино гласале 12,42 отсто или 2920 граѓани, во Јегуновце 29,60 отсто или 3016 граѓани, Боговиње 14,23 отсто или 3914 граѓани, Брвеница 27,05 отсто односно 4130 лица и Јегуновце 29,60 отсто или поточно 3016 граѓани. Во Тетово глсалае 23,14 отсто или 19.289 од вкупно 83.367 граѓани со право на глас.

Во споредба со првиот круг општина Јегуновце со денешните 29.60 отсто до 17 часот го надмина процентот од 28,06 % на 21 април. Останатите општини денес бележат помала излезност за разлика од пред две недели.