Во Битола излезноста поголема за 5 отсто од првиот круг

За речиси пет проценти е поголем одзивот на гласачите во Битола до 15 часот во однос на првиот круг од претседателските избори. Во првиот круг до 15 часот попладне гласале 32,75 отсто гласачи, а денес на гласање излегоа 37,1 процент битолчани со право на глас.

Во Југозападниот регион со излезност предничи Демир Хисар со 48,09 проценти до 15 часот, па Крушево со 47,68 проценти, Новаци со 43,26, потоа слeдува Могила со 33,89 и Ресен сo 30,97 отсто одзив на гласачкото тело.