Во Куманово помал, во другите општини од регионот поголем одзив

Гласачко ливче во втор круг од претседателски избори 2019

До 10 часот во Куманово излезноста е незначително помала во однос на првиот круг во исто време, што значи 6,15 насто (или 5.248 гласачи) во однос на првиот круг 6,69 насто (или 6.013 гласачи).

Во Старо Нагоричане каде што избирачките места се во рурални средини излезноста е зголемена на 5,08 насто, во однос на првиот круг во исто време кога излезноста била 4,87 насто.

Излезноста во вториот круг е зголемена и во Општината Липково. Имено, до 10 часот гласале 2,92 насто од регистрираните избирачи, во однос на првиот круг кога излезноста била 0,97 проценти.