39-годишнина од смртта на Јосип Броз Тито

Фотографија на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито како игра шах, направена во октомври 1944 година за време на Втората светска војна.

На денешен ден пред 39 години почина Јосип Броз Тито - претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1892 – 1980). Тој беше водач во борбите против окупацијата од 1941 до 1945 година и беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на оружените сили од крајот на Втората светска војна до смртта на 4 мај 1980 година.

Тој беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти. Тој почина во Клиничкиот центар во Љубљана, а погребан е на Дедиње во Куќата на цвежето во Белград. Неговиот гроб го имаат посетено над 20 милиони луѓе.