Почина десет и пол месечно бебе од компликации од морбили

Вакцинирање за морбили на вакцинален пункт во Скопје

Докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели било на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници.

Кај бебето претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано, но како што наведе Микиќ, имало тешка пневмонија и мозочно крварење. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега.