АВМУ: Дезинформациите огромна закана за медиумите и демократијата

Илустрација

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по повод одбележувањето на Светскиот ден на слобода на медиумите порача денеска дека само професионални и независни медиуми придонесуваат за општествен и демократски развој.

„Во денешните општества сведоци сме на се повеќе дезинформации и во изборни циклуси и надвор од нив кои се огромна закана и за медиумите и за демократијата. Брзите, точни и навремени информации и натаму главни предизвици за медиумите при информирање на јавноста и извршување на нивната улога – коректор на власта“, се наведува во денешното соопштение од АВМУ.

Од агенцијата наведуваат дека според последниот извештај на Репортери без граници, состојбата со слободата на медиумите во земјата е подобрена, но има уште многу предизвици.