Фајненшал тајмс: Западен Балкан нервозен поради ставот на ЕУ

од самитот за Западен Балкан во Берлин

Шансите дека Европската унија во јуни ќе реши да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија се неизвесни по самитот во Берлин, поради што овие две и другите земји кои се стремат кон членство во Унијата стануваат нервозни. Ова го пишува весникот Фајненшал тајмс во текстот под наслов „Балкански соништа“. Притоа се додава дека Скопје, Тирана и другите претпазливо посматраат дали европските земји, традиционално непријатлески расположени спрема проширувањето на Унијата, ќе попуштат. Дипломатите страхуваат дека негативната одлука за отворањето на преговорите за членство со Скопје и Тирана би можело да ги одврати балканските лидери од спроведувањето на клучните реформи, наведува весникот.