ЕУ да и даде датум за преговори на Северна Македонија во јуни

Даниел Сервер

ЕУ не треба да ја остави Северна Македонија да чека и во јуни да не добие датум за почеток на преговорите за членство. Ова беше укажано на панел-дискусијата за Западен Балкан што ја организираУниверзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Балканот се соочуваше со три проблеми, но во моментов останаа два откако беше успешно решено прашањето за името на Македонија. Остана само да се нормализираат односите помеѓу Косово и Србија и решение за нефункционалната власт во Босна и Херцеговина, изјави Даниел Сервер од школата за напредни студии и управување со кризи во универзитетот. На прашањето од присутните, што ќе се случи ако Северна Македонија не добие датум за преговори во јуни, директорот на Центарот за југоисточни европски студии од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, одговори дека тоа повторно може да им даде сила на националистичките и изолациските сили во земјата.