Мулер: Заклучоците на Бар не ја изразуваат суштината на мојот извештај

Вилијам Бар

Американскиот министер за правда Вилијам Бар, на сослушувањето во Комитетот за правосудство во Сенатот изјави дека содржината заснована на наодите од сослушувањето на специјалниот советник Роберт Мулер за мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година и редактираниот извештај се подготвени со цел да се избегнат чувствителни информации.

Бар се соочува со обвинувања дека ги погрешно ги интерпретирал наодите на специјалниот советник Роберт Милер за улогата на Русија на претседателските избори во 2016 година.

Мулер во писмото до Бар напиша дека неговото резиме на наодите од специјалниот советник "предизвикале јавна конфузија околу клучните аспекти" на истрагата.

Бар го прати извештајот на Мулер до Конресот со некои редактирани делови, а во образложението за редактирањето, рече дека ниту еден материјал не бил скриен врз основа на „извршните привилегии“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно Правосудниот комитет на американскиот конгрес издаде наредба да се достави целoсниот извeштај за руската вмешаност во американските претседателски избори кој го подготви специјалниот советник Роберт Мулер, барајќи од Одделот за правда тоа да го стори до први мај.