Тимоние: Основа за отпочнување на преговорите е владеење на правото

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека Северна Македонија остварила голем напредок особено од 2016 година наваму, но, од нивна страна било јасно речено оти вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите.

Тој во интервју за МИА порачува дека Стратегијата на неговата земја за Западен Балкан ја утврдува посветеноста на Франција на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на регионот.

Првиот круг од изборите, според него, поминале во демократски дух. Тимоние воедно ги повикува граѓаните да излезат да гласаат на претстојниот втор круг, оти за нив, како што посочува, тоа ќе преставува големо охрабрување За Франција да помогне на европски пат на земјата.