Пендаровски - Гласот за Сиљановска е глас за нов Иванов

Кандидатот за претседател поддржан од власта, Стево Пендаровски.

Кандидатот за претседател поддржан од власта, Стево Пендаровски, денеска на средба со жителите на Липково, порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да и донесе прогрес на државата.

„Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи сè она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев „да“ за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев „за“ Законот за јазици, таа беше против. Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов“, рече Пендаровски.

Тој вели дека Македонија е мултиетничка држава и дека во неа сите се исти и имаат исти права. Пендаровски вели дека неговата опција е за напред во НАТО и ЕУ, а, како што вели, Сиљановска и Мицкоски сакаат назад во изолација и не и мислат добро на државата.