Звиздиќ против промена на границите на Балканот

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ во Берлин изјави дека сите земји на Балканот имаат меѓународно признати граници, а неприкосновеноста на меѓународно признатите граници е основен принцип на Европската унија

„Повторно почнуваме со прекројување на некои нови граници и зборуваме за размена на територии, засновани на етнички принцип. Тие идеи се познати од минатото, не се нови. Тие идеи беа на Шешељ и Милошевиќ кои кога ги претворија во дела доведоа до смрт на стотици илјади луѓе, геноцид и иселување“, рече Звиздиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон вчера во Берлин беа домаќини на средба на претставници на Западен Балкан и Европската унија.