Реџепи ја обвини Владата дека се насочила против ИВЗ

Вечерва по завршувањето на седницата на највисокото тело на ИВЗ Ријасетот, поглаварот Сулејман Реџепи изјава дека за жал, тие констатирале оти државата е полициска

"Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници,"изјави Реџепи.

Ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата. До ова дојде откако попладнето пред седиштето на Исламската Верска Заедница во Скопје дојдоа полициски сили поради обидите за смена на поглаварот Реџепи.

Обидот з а смена успеди по судска одлука со која се прифаќа барањето на една од двете спротивставени групи за нов поглавар да биде назначен Скендер Бузаку.

Попладнето и приврзаниците на Реџепи и приврзаниците на Бузаку беа во просториите на ИВЗ, а пред новинарите Бузаку изјави дека тој е новиот погалвар.

Мухамед Вејсели од ИВЗ, пак истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот.