Во ИВЗ обиди за смена на поглаварот Реџепи

Илустарција. Џамија.

Скендер Бузаку, претендентот за поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), изјави дека ИВЗ треба да ја почитува судската одлука, тој да биде новиот поглавар. Актуелниот поглавар Сулејман Реџепи се противи да ја напушти функцијата.

Вечерва по завршувањето на седницата на највисокото тело на ИВЗ Ријасетот, поглаварот Сулејман Реџепи изјава дека тие констатирале оти државата е полициска

"Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници,"изјави Реџепи.

Ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата. До ова дојде откако попладнето пред седиштето на Исламската Верска Заедница во Скопје дојдоа полициски сили поради обидите за смена на поглаварот Реџепи.

Обидот з а смена уследи по судска одлука со која се прифаќа барањето на една од двете спротивставени групи за нов поглавар да биде назначен Скендер Бузаку.

Попладнето и приврзаниците на Реџепи и приврзаниците на Бузаку беа во просториите на ИВЗ, а пред новинарите Бузаку изјави дека тој е новиот погалвар.

„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници. Јас сум новиот поглавар на ИВЗ", рече Скендер Бузаку, кој се повика на внатрешни акти и на судско решение.

Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од своето семејство во заедницата и рече дека поради тоа не очекуваме мирно предавање на функцијата.

Мухамед Вејсели од ИВЗ, пак истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот

"Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ", изјави пред Исламската верска заедница (ИВЗ) Муамер Весели, директорот на агенција за халал сертификати и претставник на ИВЗ.

Според Весели, против правилата за работа на верските заедници е државните органи и политиката да се мешаат во верски работи.

„Се споменува и името на министерот за внатрешни работи и жал ми што овие работи не може да се решат без мешање на власта“, изјави тој.

Во седиштето на ИВЗ е присутна и финансиска полиција која го проверува работењето на Реџепи.

Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ. Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.

И во изминатиот период имаше обиди за смена на поглаварот Реџепи, но досега тие беа безуспешни.

Во еден случај во ИВЗ имаше и инцидент, во кој физички беше нападнат скопски муфтија, а имаше и посочувања дека расправијата започнала поради проневера на пари.