Остра реакција на Курц за песната во која мигрантите се споредуваат со стаорци

AUSTRIA -- Austrian Chancellor Sebastian Kurz delivers a press statement at the Austrian Chancellory in Vienna, November 9, 2018

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира од песната во која мигранти се споредуваат со стаорци, јави агенција АП. Курц за австриската новинска агенција АПА изјави дека „огранокот на Партијата на слободата во покраината Горна Австрија треба веднаш и недвосмислено да се дистанцира од песната која што се појави во публикација на партијата во градот Браунау, родното место на Адолф Хитлер“.

„Изборот на зборови е одбивен, нечовечки и длабоко расистички и не му е местото во Горна Австрија, ниту пак во целата земја”, изјави Курц.