Песков: Средбата Путин - Ун до крајот на месецов

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретнат до крајот на месецот. Тој рече дека подготовките за состанокот се во завршна фаза, но не откри детали.

„За жал, не можам да ви дадам повеќе информации од тоа што го кажав“, рече Песков.

Тој претходно изјави дека Москва од безбедносни причини не го објавува местото и датумот на состанокот на Путин со Ким, а недамна изјави и дека „двајцата лидери имаат голем број прашања за кои ќе разговараат на претстојната средба“.