Продолжува изборната кампања - Пендаровски уште денеска, Сиљановска од утре

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова

Кандидатите за претседател Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски ја продолжија изборната кампања во пресрет на вториот круг од претседателските избори.

Пендаровски и коалицијата „Заедно напред“ денеска се на граѓанска трибина во скопски Карпош, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова, кампањата ја продолжува од утре. Според нејзниот штаб, таа денеска нема закажано средби со граѓаните.

Новиот претседател на република Северна Македонија ќе се избира во вториот круг, бидејќи ниту еден од тројцата кандидати на вчерашното гласање не освои мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.