Во Саудиска Арабија уапсени 13 лица кои планирале терористички напади

Илустрација

Во Саудиска Арабија денеска се уапсени 13 лица под сомнение дека планирале напади во кралството, јавија светските новински агенции, повикувајќи се на информации од локалните медиуми.

Осомничените се уапсени еден ден откако безбедносните сили соопштија дека спречиле напад, северно од Ријад. Притоа, според полициското соопштение, биле уабиени четворица вооружени напаѓачи кои се обидувале да изведат напад на зградата на безбедносните служби во Зулфи. За тој напад, одговроноста ја презеде т.н. Исламска држава.