Зеленски казнет затоа што го покажа гласачкото ливче
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Володимир Зеленски кој победи на претседателските избори во Украина беше казнет откако на јавноста и го покажа неговото гласачко ливче. Полицијата го казни Зеленски по гласањето во вториот круг. Во обид да ја задржи анонимноста во изборниот процес, во Украина прекршочно се казнува јавното покажување на означеното гласачко ливче. Паричната казна е околу 30 долари.