Адеми – Очекувам уште поголема поддршка за Пендаровски во вториот круг

Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Време е да победи концептот кој ќе отвори нови перспективи и очекувам дека граѓаните ќе дадат поддршка, рече министерот за образование Арбер Адеми, кој е претставник на ДУИ во изборниот штаб на претседателските кандидат Стево Пендаровски, кој е заеднички кандидат на ДУИ и на СДСМ.

Адеми рече дека очекува во вториот круг поддршка за Пендаровски да биде уште поголема.