Кирацовски – Пендаровски води, ова се претседателски избори, нема да набројувам општини

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски гласа на претседателските избори

Стево Пендаровски води за 2,5 проценти пред неговата противкандидатка Гордана Сиљановска - Давкова на претседателските избори по повеќе од половина од пребројаните гласови, рече Александар Кирацовски од СДСМ. Тој рече дека Пендаровски е поддржан од сите етнички заедници и оти водството во првиот ќе значи победа во вториот круг.

„Нема да набројувам во кои населени места води Пендаровски, зашто ова се претседателски избори кои се водат во целата држава“, рече Кирацовски.

Според него, излезноста била над 41 проценти.