Јанушев – Водиме во огромен број општини, власта е на колена

Прес конференција на Игор Јанушев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев рече дека нивната кандидатка за претседател, Гордана Сиљановска – Давковска води на огромен број избирачки места и општини. Тој рече дека според пребројаните гласови, Сиљановска – Давкова веќе победила во општините Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров.

Јанушев рече дека од 43 проценти обработени избирачки места, нивната кандидатка води во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.

„Ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, готови се, ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува, Гордана Сиљановска – Давкова е изборот на народот“, рече Јанушев.

Тој рече дека и покрај низата прекршувања во кампањата, имавме генерално мирен изборен ден.