Приведени седум осомничени за нападите во Шри Ланка

Властите во Шри Ланка ги идентификувале организаторите на бомбашките напади во градот Коломбо во кои загинаанад 200 луѓе, но без да соопштат детали.

Министерот за одбрана Руван Вијеварден, без да открива детали, изјави дека веќе се приведени седум лица, изразувајќи убеденост дека сите инволвирани наскоро ќе бидат уапсени.

Експлозиите се случија во три цркви за време на велигденската литургија, во три луксузни хотели и уште на две други локации. Се претпоставува дека дел од нив се дело на бомбаш самоубиец, а за другите бил употребен експлозив Ц-4.