Глобалната несигурност ја крева цената на златото

До крајот на годинава се очекува златото да достигне цена од 1400 долари за унца, што се должи најмногу на долгорочната глобална несигурност. Цената на златото за испорака минатата недела изнесуваше 1.286,6 долари за унца, објави Си-Ен-Би-Си.

„Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1400 долари до крајот на годинава“, вели Мартин Хаксли, берзантски експерт од Сингапур.