Амбасадата на САД во Северна Македонија има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата, информираше Микаела Швајзер-Блум, в.д. амбасадорка во Амбасадата на САД во нашата држава.
„Изборите се многу важен дел за секоја демократија и веруваме дека е многу важно гласачите да можат да гласаат во атмосфера без заплашување и принуда, и дека процесот на гласање е транспарентен и одговорен“, изјави Швајзер-Блум и додаде дека ќе ја разгледаат проценката и податоците од ОДИХР, но за нив е корисно да можат да бидат надвор за да ја увидат состојбата на терен.