Еруптираше вулканот Агунг на Бали, тревога од трети степен

Вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали денеска еруптирал, исфрлајќи пепел во висина од два километра, објавија новинските агенции. Според нив, се уште нема податоци за евентуални жртви, но и понатаму останува во сила предупредувањето од трет степен од можните четири.

Индонезиските власти издадоа соопштение со предупредување да се почитува зоната на безбедност во радиус од четири километри. И други два вулкана на островот Јава продолжуваат да еруптираат. Во сила е состојба на зголемена готовност поради вулканот Бром во источниот дел на Јава и Мерапи во Јогијарта.