ДИК: До 13 часот гласале 20,45 отсто од гласачите

Излезноста на претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, прецизирајќи дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи.

„На сите гласачки места од почетокот од 7 до 13 часот гласањето тече непрекинато и без проблем. Само едно гласачко место во Студеничани 2344 не е отворено и таму денеска гласањето нема да се одржи“, соопшти Гугучевска.

Таа информираше дека во Охрид, Ново Село и Дебар каде има предвремени избори за градоначалници, гласањето тече непрекинато.