Јонкер: Нам ни се важни демократските стандарди, а не резултатите од изборите

Шефицата на Меѓународната мисија за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР, Корин Јонкер, изјави дека е прерано да се даваат оценки за изборниот ден.

„Ние набљудуваме дали изборите се организирани според меѓународните демократски стандарди. За нас не се важни резултатите, туку изборните процедури. Затоа сме тука да го набљудуваме изборниот процес“, рече Јонкер пред основото училиштето „Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари.

Таа истакна дека изборите ги следат 250 набљудувачи кои се распоредени низ целата земја, кои ги вклучуваат долгорочните набљудувачи кои се тука веќе пет недели, на кои денеска им се придружија и краткорочните набљудувачи.