ДИК: До 10 часот гласале 6 отсто од избирачите

До 10 часот, на денешниот прв круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05%, соопшти ДИК.

Од Комисијата дополнија дека гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.

Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.