МВР и ОЈО отворија истрага за бомбите

Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство отвориле истрага за објавените прислушувани разговори на социјалните медиуми, велат за Радио Слободна Европа. Во писмениот одговор од МВР е наведено дека во тек е истрага и дека јавноста дополнително ќе биде информирана.

Претходно од СЈО соопштија дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали. Вкупно 6 нови прислушувани разговори познати како бомби се објавени на Јутјуб од корисник со псевдонимот „Илија Громовник“.

Според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.