Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. Тој во синоќешното интервју на ТВ 21 истакна дека оваа тема со проблемот за цензусот е стара 10 години.
„Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано,“ изјави Ахмети.
Тој додаде дека кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата е нов концепт и дека за прв паткандидатима поддршка и од македонските и од албанските политички партии.