Во Турција 11 лица осудени на доживотен затвор за обидот за преврат

илустрација

Судот во Истанбул изрече доживотни затворски казни за 11 поранешни припадници на жандармеријата во Истанбул, кои се товарат за учество во обидот за воен удар пред три години, за чија организација официјална Анкара го сомничи имамот Фетулах Ѓулен. Тие се осудени за членство во „терористичка организација“ и „обид за уривање на уставниот поредок во Турција“.

Фетулах Ѓулен се наоѓа во самонаметнат егзил во САД, а Турција постојано бара негова екстрадиција.