Повторно одложено рочиштето за Монструм

Одложено е судското рочиште за предметот Монструм поради службено отсуство на судијата Огнен Ставрев. На следното рочиште кое е закажано за 6 мај е предвидено сослушување на сведоци.

Адвокатот Насер Рауфу пред одложувањето на рочиштето соопшти дека нема повеќе да го брани обвинетиот Агим Ислаиловиќ, односно дека го откажува полномошното. Откако обвинетиот Исмаиловиќ посочи дека нема пари за друг адвокат судијата Осман Шабани му посочи дека во тој случај ќе добие адвокат по службена должност.

Случајот „Монструм“, кој што се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, се наоѓа во доказна постапка.

За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута. Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.