По пожарот во Нотр Дам порасна продажбата на романот на Виктор Иго

Нотр Дам

Светскиот гигант за продажба преку интернет, Амазон соопшти дека порасна продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго „Богородичната црква во Париз“ по пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам. Приказната за ѕвонарот во катедралата Квазимодо тогаш помогна за реновирање на оваа црква која е една од најпознатите во Европа. Запишана е во списокот на светското наследство на УНЕСКО и секоја година ја посетуваат 14 милиони луѓе.