Испитани 30 луѓе во врска со пожарот во Нотр Дам

катедралата Нотр Дам во Париз

Париски судски претставник соопшти дека истражителите испитале околу 30 луѓе по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз. Тој прецизира дека повеќето од нив биле ангажирани во обновата на црквата. Според наводите на истрагата, по првиот аларм за пожар некои отишле да проверат на покривот, но не забележале ништо. Кога алармот се огласил по втор пат било предоцна. Конструкцијата на катедралата е во стабилна состојба, но за целосна потврда биле неопходни неколку дена.