Пожар избувна попладнево во катедралата Нотр Дам во центарот на Париз, соопштија градските власти. Сликите објавени на социјалните медиуми покажуваат пламени и облаци од чад над покривот на средновековната катедрала, која е воедно најпосетениот историски споменик во Европа. Последните информации се дека се урнала централната купола од катедралата. Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да безбедни.
Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата. Во тек е голема операција за гаснење на пожарот, а областа околу катедралата во центарот на Париз е обезбедена, соопштија официјални лица. Минатата година, Католичката црква во Франција бараше итна реконструкција за спасување на катедралата, која почна да се урива.